Променливо облачно, следуваат студ и врнежи

Вемето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер.

Претпладне во источните делови ќе има услови за повремен слаб снег, а од пладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од минус 1 до 5 Цекзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно и студено со умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 0 до 4 степени.

Во среда наутро ќе биде многу студено, а преку денот ќе биде претежно сончево и без врнежи.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток. На повисоките планини ќе има и врнежи од снег.

Во четврток ќе дува повремено засилен југоисточен ветер, а од петок утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.