Променливо облачно со услови за локален дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со услови за појава на локален дожд, особено во претпладневните часови во источните делови од земјата. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, особено засилен ќе биде долж Повардарието. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува и ќе има се почести сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 20 до 28 степена.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за повремен дожд, а ќе дува и умерен повремено засилен северен ветер. Попладне ќе има повеќе сончеви периоди и мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Во петок и сабота во попладневните часови се уште ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд.

Во недела ќе има услови и за појава на нестабилност со појава на грмежи и локален пороен дожд. Дотогаш температурите ќе бидат во благ пораст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.