Променливо облачно со засилен северозападен ветер

16

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и силен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и особено во југоисточните делови, засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде од 8 до 13 степени, а максималната ќе се движи од 15 до 21 степен.

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Затоплување на времето се очекува од среда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.