Променливо облачно со сончеви периоди и магла по котлините

облачно

Минималната температура утрово се движеше од -8 во Тетово, -7 Битола, -6 Крива Паланка, -5 Пожаране, -4 Прилеп, Претор и Крушево, -3 Тополчани, Маврово, Ѓуриште и Лазарополе, -2 Демир Капија, Охрид, Куманово и Дебар, -1 Штип, Виница, Берово и Скопје, 0 Струмица и Скопје Петровец, до 2 во Дојран и Гевгелија.

Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 2 до 8 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер. Највисоката температуа на воздухот ќе достигне до 4 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, по котлините со појава на магла. Во петок во западните делови ќе има слаб локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд со слаб, а во западните делови повремено умерен интензитет. Температурата на воздухот ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.