Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Температурата ќе се движи од 22 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер

Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во среда и во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и потопло. Во четврток попладне под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе има локален дожд и грмежи, а од петок засилен северен ветер и пад на температурите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.