Променливо облачно време со слаб дожд

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Од четврток ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со свежи, во повисоките места и студени утра. И натаму ќе дува умерен северен ветер.