Променливо облачно време со високи температури

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на запад со слаб локален дожд, на повисоките планини со снег.

По одделни котлини со појава на слаба магла, особено претпладне. Температурата ќе се движи од четири до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со температура до седум степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Штип – Радовиш и од 30 – 50 метри на патниот правец Струмица – Ново Село.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C)
К.Паланка +5 Струга +3 Кочани +5
Страцин +5 Ресен +4 Делчево +5
Куманово +5 Крушево +1 Смојмирово +2
Маџари +5 Кичево +1 Струмица +2
Тетово   0 М.Брод +2 Велес +6
П.Шапка +1 Буково +3 Неготино +6
Гостивар +1 Ѓавато   0 Д.Капија +7
Стража  -1 Плетвар +4 Удово +3
Маврово  -4 Пресека +2 Гевгелија +6
Дебар +1 Железнец +2 Кула +4
Битола +3 Штип +5 Петровец +5
Прилеп +1 Сарамзалино +4
Охрид +1 Павлешенци +3