Променливо со утрински локален дожд, попладне сончеви периоди

Весеннее утро.

Во средата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, со повремени сончеви периоди.

Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од 0 до 8 степени, а дневните ќе бидат во интервалот меѓу 9 на повисоките места на западот и 18 Целзиусови степени на југот на земјата.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северен правец и температура до 16 степени.