Прометот во индустријата на домашниот пазар со раст, на странските пазари намалување

Прометот во индустријата во март годинава во однос на март лани бележи намалување од 21,1 осто, објави Државниот завод за статистика.

Вкупниот промет во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија за 16,2 отсто, капитални производи за 31,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 31,9 осто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто.

Прометот во индустријата во февруари годинава во однос на февруари лани бележи намалувае од 12,9 отсто, додека за во првите три месеци годинава во односна трите месеци лани бележи намалување од 0,6 отсто.

Според објавените податоци на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи пораст од 2,7 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 5,1 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,0 отсто, додека опаѓање бележи кај капитални производи за 30,3 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 26,2 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2020 година, во однос на февруари 2020 година, бележи раст од 19,8 отсто, додека во периодот јануари – март 2020 година, во однос на периодот јануари – март 2019 година, раст од 3,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи пад од 26,1 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија за 24,2 отсто, капитални производи за 32 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 29,3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,7 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во март 2020 година, во однос на февруари 2020 година, бележи намалување од 20,5 отсто, додека во периодот јануари – март 2020 година, во однос на периодот јануари – март 2019 година, намалување од 4,3 отсто.