Промнеливо облачно, попладне со локална нестабилност

Работната седмица во Македонија ќе започне со променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а попладнето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во слаб снег.

Утринските температури се движат од 0 до 11 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе достигне до 17 степени.