Промоција на истражувања за јавното мислење за евроинтегративниот процес

Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за демократија денеска ќе промовираат два истражувачки труда „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“ (2014 – 2022) и „Европа во криза. Последиците врз јавното мислење во Северна Македонија“.

Анализите се изработени врз основа на истражување на јавното мислење за евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија спроведено во ноември 2022 година.

Настанот ќе го отворат Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи, претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошански и директорот на канцеларијата на фондацијата „Конрад Аденаур“ во Скопје, Даниел Браун. Обраќање ќе има и шведската амбасадорка Ами Ларсон Џејн.

Истражувачките трудови ќе бидат презентирани од страна на авторите д-р Иван Дамјановски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Анамарија Велиновска, помлада истражувачка во Институтот за демократија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.