Промоција на книгата „Длабоки воздишки” од Мебрух Миртовски

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Derin Ahlar / Длабоки воздишки” од Мебрух Миртовски, објавена од издавачката куќа „Јени Балкан Скопје“.

Мебрух Миртоски (1992, Кичево) покрај на македонски јазик, твори и на својот мајчин турски јазик. Автор е на стихозбирката „Јазлите на љубовта“ и на романот „Двете лица на светот“ на турски јазик, кој е објавен и во Турција под покровителство на издавачката куќа „Бенѓу“ од Анкара.

Објавувањето на неговата нова книга е поддржано со Годишната програма на Министерството за култура за 2022.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.