Промоција на книгата „Регионално-безбедносни пактови во југоисточна Европа меѓу двете Светски војни“

Во четврток на 19 мај 2022 година со почеток од 13.00 часот ќе биде промовирана книгата „Регионално-безбедносни пактови во југоисточна Европа меѓу двете Светски војни“.

Станува збор за книга која се однесува на периодот меѓу двете светски војни, што ја прави привлечна за љубителите на на пишаниот збор и на оние кои што сакаат да ги здогледаат сите факти од овој период на историјата.

Ова дело е на проф.д-р Иванка Василевска, промотори на истата се проф.д-р Далибор Јовановски, адвокат Тони Менкиновски, м-р Александар Јордановски, а модератор на истата е м-р Марјан Андонов Гијовски.