Промоција на Антологијата на македонскиот афоризам „Врели мразови“ во Скопје

Во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин” од Скопје, издавачката куќа „Македонија презент” и Здружението на хумористи и сатиричари „Остенови”, по прв пат се о Македонија се одржа промоција на Антологијата на македонскиот афоризам насловена како „Врели мразови”. Авторот на оваа сеопфатне антологија е Васил Толевски. Тој успеа во антологијата да застапи 96 автори, кои долги години наназад беа стожер на македонскиот хумор и сатира.

Модератор на оваа манифестација беше познатиот македонски писател и директор на издавачката куќа „Феникс”, господин Христо Петрески, а збор за книгата и авторот кажа  руководителот на центарот, госпоѓата Јованка Вељановска.

Во преполната сала на Центарот за култура, Васил Толевски во своето излагање ги истакна вредностите на оваа антологија со цел на зачувување на  делата на македонските автори и растежот на новите сили во најтешкиот књижевен род – сатирата.

На крајот на своето излагање Васил Толевски прочита афоризми од своите починати другари, Софе Штерјоски, Бошко Перински, Костадин Устапетров и Бошко Смаќовски.

Со свои афоризми се претставија Георги Хаџи Васков, Миле Ѓорѓијевски, Димитар Вилазорски, Атанас Крлевски, Јане Атанасов, Ленче Стојменова, Љупка Цветанова, Марјан Ангеловски, Душко Кралевски и Иван Русјаков.

Завршното читање со свои најнови афоризми, ово прекрасна хумористична-сатирична вечер ја заврши авторот на антологијата, Васил Толевски. Тој го најави следниот оваков собир на промоција на своето најново сатирично дело, “Тито не вика да ни помогне”- збирка политички афоризми настанати во последната година од неговата неуморна работа. Публиката со своите аплаузи докажа дека Македонија е гладна за овакви забавни вечери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.