Промоција на „Источен хоризонт“ од Вера Симовска

Книгата со наслов „Источен хоризонт“ , зборник од задлабочени анализи, размислувања и насоки на духовно – морални, теолошки и општествени горливи теми, на сестра Вера Симовска ќе биде промовирана  во салата на црквата „Св. Петар и Павле“  во Ѓорче  Петров на 19. октомври 2018 од 18 и 30 часот.

Сестра Вера Симовска храбро, но и крајно одговорно и зрело, како посветена православна христијанка, успешно наоѓа одговор за многу прашања, проблеми и искушенија со кои се соочуваат православните христијани во целина, а особено жените христијанки. Всушност, книгата „Источен Хоризонт“ е прв, а и успешен обид жената христијанка, како мајка, сопруга, ученичка Христова, општествен активист да проговори за духовно – моралната реалност во која се наоѓа нашето современо семејство, општество, Црква…

Книгата „Источен Хоризонт“ отвара нов и широк духовен хоризонт кој треба храбро да биде исполнет со уште многу вакви духовни размисли, сознанија, насоки и сведоштва.