Промоција на македонските вина во Холандија

Осум македонски винарии (Тиквеш, Сковин, Стоби, Езимит, Далвина, Камник, Попов и Попова Кула) организирани преку Здружението Вина од Македонија во просториите на Хотел 400CASA во Амстердам заеднички се промовираат пред холандската професионална публика – увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Настанот беше отворен од страна на Игор Попов, амбасадор на Република Македонија во Хаг.

Во рамките на промоцијата организирана е и професионалана дегустација, Мастерклас за Вранец, каде се презентираат потенцијалите на оваа сорта и се врши дегустација на различни вина од оваа сорта.

Холандија е оценет како еден од пазарите со најголем потенцијал за македонското вино и поради тоа на овој пазар Здруженеито Вина од Македонија и винариите посветуваат огромно значење и веќе 5 години наназад се организраат промотивни активности. Организацијата и повторување на ваков тип на промоции е од особено значење за градење на препознатливност на македонските вина на овој пазар, а со тоа обезбедување на влез и поголем удел на пазарот.

Настанот е поддржан од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, согласно програмата за поддршка на извозот на македонски производи и Холандската Агенција за поддршка на извозот на земјите во развој ЦБИ. Огромна помош и  поддршка во организацијата на настапот на македонските винарии пружи Амбасадата на Република Македонија во Хаг и Екомоскиот промотор на РМ во Холандија, со чија помош се организираа и поединечни Б2Б средби со најголемите компании увозници на вино во Холандија.

Инаку, пред две неделимакедонскитевина беа промовирани и во Њујорк и Њуџерси.