Промоција на национална платформа на ромски граѓански организации

Национална платформа на ромски граѓански организации во Македонија „Нашата иднина – наша обврска“ денеска ќе биде промовирана во Скопје.

Обраќање за целите и улогата на платформата, како што е најавено, ќе има Ашмет Елезовски, додека за организациската структура ќе зборува Зекир Абдулов, а за процесот на интеграција на Ромите 2020 Самет Скендери.

На настанот е најавено ромските граѓански организации да ја потпишат Националната платформа.