Промоција на најновата книга на Оливер Ромевски „Бугарин-националност или професија“

225

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, во Паркот на книгите, на 18-ти јуни, четврток, во 20:00 часот ќе биде промовирана книгата „Бугарин-националност или професија“ од Оливер Ромевски.

Промотори на книгата ќе бидат Проф.Др.ТодорЧепреганов и Проф.Др.СтефанВлахов-Мицов, а модератор ќе биде Бојан Велевски.

Како што посочува Матица, станува збор за ексклузивен научен труд кој го разоткрива феноменот на бугарските пасоши за македонски државјани! Кој се’ е Бугаринво РМ?Колку точно ги има и каде?Дали ќе служат војска во Бугарија?Дали своите деца ќе ги нарекуваат Бугари? Дали ќе бараат бугарско малцинство во македонскиот устав? Одговор на триесет и шест клучни прашања за Република Македонија!

Која е бугарската, а која македонската државна стратегија. Дали во случај на конфликт овие граѓани ќе бидат лојални на Бугарија? Разоткривање на целата структура и процедура? Книга која дава придонес на македонската надворешна политика во решавањето на меѓусоседските односи. Податоците во книгата се производ на научно истражување и купувачите можат да ги користат за приватни потреби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.