Промоција на најновата поетска книга од Ефтим Клетников „Пурпурна јанѕа“

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ во Скопје утре во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата „Пурпурна јанѕа“ од Ефтим Клетников. За делото на познатиот поет, критичар и преведувач промотивна реч ќе одржи поетот и литературен критичар Раде Силјан. Стихови ќе интерпретира артистката Соња Каранџулоска, а чинот на промоцијата ќе го збогати маестро Драган Даутовски со изведба на неколку музички творби.

Ефтим Клетников (Негрево, 1946 ) спаѓа во редот на најкомплетните современи македонски писатели. Во изминатите четири децении објави петнаесет дела од областа на критиката и есејот, девет дела за деца и млади, седумнаесет стихозбирки, десет антологиски избори, преведе над педесет дела од руската, француската, српската и словенечката литература.