Промоција на четиритомно дело „Македонска борба за слобода“ дел од едицијата „Македонски искушенија“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во 14 часот во Музејот на македонската борба ќе се обрати на промоцијата на четиритомното дело „Македонска борба за слобода“.

Ова обемно дело е дел од едицијата „Македонски искушенија“ која предвидува печатење на 25 ексклузивни публикации кои произлегоа од документарните филмови посветени на значајни личности, настани, појави и процеси од македонската историја кои јавноста во изминатиот период имаше можност да ги види на Македонската радио телевизија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.