Промовирана книгата „Базичното антисемитско законодавство на царството Бугарија” – Зборник на документи

Во организација на Одделот за образование и проучување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, по повод 77 години од депортирањето на македонските Евреи во Треблинка, денеска беше промовирана книгата „Базичното антисемитско законодавство на царството Бугарија” – Зборник на документи, на авторите Скендер Асани, Нора Малиќи Зулали и Владо Поповски.

Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и еден од авторите истакна дека оваа книга е прво дело од ваков карактер во нашиот регион, која покрај експлицитната важност на студијата од областа на законодавството, вади на виделина и една важност што се поврзува со целта на Институтот, за да ги исполнат нивните објективи за подигнување на Одделот за образование и проучување на Холокаустот. Асани додаде дека книгата има 632 страни и е поделена на седум дела.

– Заблагодарувајќи му се на нашиот пријател и истражувач проф.д-р Владо Поповски, книгата што денеска ја промовираме, опремена со важни архивски документи и извори, прв пат пред читателите се донесе архитектурата на еден антисемитички систем, какво што беше Бугарското Царство, која како слеп верник на политиката на Хитлер, го имаше подигањето на нивото на законодавството, на целата законска инфраструктура за конечно решавање на еврејското прашање, рече Асани.

Рецензентот Игор Јуруков, книгата „Базичното антисемитско законодавство на царството Бугарија”, го нарече епохално дело, затоа што им овозможува на читателите и истражувачите да ги гледаат и студираат документите на автентичен начин, а согледувањата на авторите се детализирани за социјалниот статус, правата и Евреите и нивното истребување.

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери  истакна дека во оваа збирка се прикажува еден друг лик на војната, еден народ кој не се нурнува во матните води на војната и кој што успева да го сочува човечкото во себе, и со жртвување на безбедноста на сопствениот живот, на безбедноста на своето блиско семејство, спасувајќи на овој начин од егзекуција голем број на Евреи од Скопје.

– Всушност, ја формирале „Албанската врска“ која фактички била мрежа на луѓе, Албанци од Скопје, Косово, Албанија, кои го правеле невозможното за да ги кријат, засолнуваат и префрлат Евреите од зоните зафатени со геноцидот во Албанија. И, иако и Албанија била под нацистичка окупација, третманот на Евреите таму бил поинаков, всушност, бил разумен, поаѓајќи од најобичните луѓе, па се до високите владини претставници и полициски службеници. Токму тоа е тој не толку познат аспект во јавноста, и токму ова е значајната работа што ја прави Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, да ги извади на видело човечкото и солидарноста меѓу луѓето од различна етничка, верска, културна припадност, всушност, на народите во светот, затоа што тоа што не обединува сите и што е заедничко за сите е тоа што сите сме човечки битија со исти чувства и желби за среќен живот, во мир и благосостојба, за нашите деца, за семејствата и за целото човештво, рече Џафери.

Тој порача дека настанот во Треблинка треба да биде лекција за сите, нека биде потсетник за сите да не се повтори никогаш, дека човечкиот живот е над сите, иако секојдневните горки вести, подвлече, не го потврдуваат тоа.