Промовирани првите сертифицирани Вински Советници во Македонија

Винаријата Камник освен со врвните квалитетни вина пред македонската јавност се претстави и како прв едуактивен центар во Македонија кој во фокусот го става подигањето на винската култура и зацврстување на имиџот на македонските вина како врвни, како и преку поддршка на вино-културата да придонесе кон развојот на винската индустриска гранка за подобар пласман и извоз на македонското вино, винскиот туризам, а со тоа и кон развојот на целата економија во Р. Македонија.

На свеченоста која се одржа во новиот Tasting Room во Винарија Камник беа доделени Сертификатите за Вински Советници на 30 лица кои партиципираа во првите два циклуса на програмата за обука на Вински Советници.

vinski-sovetnici-2

Обуката беше спроведена од еминентни експерти од земјата и странство, проф. д-р Горан Миланов, Вонреден професор на Земјоделскиот институт на УКИМ, Одделение за лозарство и винарство, проф. д-р Климе Белески на Земјоделскиот институт на УКИМ, Одделение за лозарство и винарство, Patrice Lallemand, Енолог од Институт за виши студии по лозарство и винарство (IHEV) во Монтпеље, Александар Вучковски, Сомелиер и Консултант во област на маркетинг и комуникации во вински сектор, Агр. инж. Златко Еделински, Консултант во агробизнис секторот и Претседател на Здружението на сомелиери на РМ, Вет. инж. Слободан Чокревски, Консултант во сектор храна и вино и Претседател на Слоу фуд конвивиум Скопје (Slow Food Convivium Skopje).

vinski-sovetnici-3

Во текот на двете обуки се користеа материјали и најпрофесионална опрема за дегустација на домашни и странски вина во комбинација со соодветна храна.

Со реализацијата на двета циклуси на обуки се спроведе квалитетен процес на винска едукација со која се обезбеди сеопфатно познавање, стекнување со вештини, применување на соодветното знаење, наменето за претприемачи и професионалци кои ќе го потикнат градењето и развојот на капацитетите во винскиот сектор и ќе генерираат поголема вработеност во Р. Македонија.

vinski-sovetnici-3-1

Нашата мисија е да придонесеме во зацврстување на имиџот на македонските вина како врвни, и исто така, преку подршка на вино-културата да придонесеме кон развојот на винската индустриска гранка за подобар пласман и извоз на македонското вино, винскиот туризам, а со тоа и кон развојот на целата економија во Р. Македонија.

На крајот на успешно реализираната обука за вински советник  учесниците се стекнаа со знаења за:

  • Презентација на главните агро-технички мерки за производство на квалитетно грозје;
  • Презентација на клучните постапки и методи за винификација, зреење и полнење на виното во шишиња, кои битно влијаат на неговиот квалитет;
  • Опис на органолептичките карактеристики на виното;
  • Промоција на карактеристиките и квалитетот на виното пред медиуми или клиенти;
  • Промоција и продажба на виното.

Повеќе информации за Камник Тренинг Центарот.

vinski-sovetnici-4

vinski-sovetnici-5

vinski-sovetnici-6

vinski-sovetnici-7

vinski-sovetnici-8

vinski-sovetnici-9

vinski-sovetnici-10

vinski-sovetnici-11

vinski-sovetnici-12

vinski-sovetnici-13

vinski-sovetnici-14

vinski-sovetnici-15

vinski-sovetnici-16