Пронајден четиригодишникот кој се загуби во средата кај каналот „Студенчишта“

Охридската полиција информира дека е пронајден малолетникот кој вчера се се изгуби околу 17,50 часот.

Од СВР Охрид информираат дека полициски службеници околу 19,15 часот во близина на паркинг просторот кај плажата „Горица 3“ во Охрид го пронашле четиригодишното дете.

Претходно од родителите било пријавено дека се загубило кај скејт паркот на пешачката патека пое каналот „Студенчишта“.