Пронајден човечки труп во поодмината фаза во Велес

На 06.01.2023 година во 12:25 часот во СВР Велес било пријавено дека во близина на филтерна станица на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, бил пронајден човечки труп во поодмината фаза.

На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина Скопје.