Пронајден хероин кај тројца скопјани кои се приведени

Во с.Кадрифаково, светиниколско вчера во 13.30 часот од полициски службеници од ПС за БПС Штип биле лишени од слобода М.Ф.(27), Ф.Р.(40) и Љ.И.(25), сите од Скопје, бидејќи при извршен преглед над нив и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувале, биле пронајдени 60 грама хероин, како и марихуана.

Против лицата е поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.