Пронајден починат скопјанецот по кој се трагаше

На 19.07.2023 вo СВР Скопје било пријавено дека во 16.15 часот на улицата „Призренска“ во Скопје бил пронајден починат 76-годишниот А.М. од Скопје, кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од Дом за стари лица во Скопје.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.