Пронајдена бомба на градилиште во Сараево

Во последните неколку дена деминерските екипи на Федералната управа за цивилна заштита отстранија три авионски бомби пронајдени на градилиште во близина на телевизијата во Сараево. Интересно е што утрово е пронајдена и четврта бомба на истата локација.

Портпаролката на ФУЦЗ ја потврди информацијата и рече дека екипите веќе се на терен и се обидуваат да ја деактивираат новопронајдената бомба. Додава дека ќе бидат преземни истите активности како и со претходните бомби.

Најпрво ќе биде проверена запалката на бомбата и ако е иста како кај претходните три бомби, запалката ќе биде деактивирана на местото на наоѓањето, а бомбата дополнително ќе биде пренесена на сигурна локација за уништување.

Овојпат бомбата ја пронајдоа припадниците на ФУЦЗ кои секој ден се на терен откако беше пронајдена првата неексплодирана бомба. Претходните три пати немаше потреба од евакуација на населението, но се велид ека не е исклучено и тоа сценарио доколку се покаже за потребно при отстранувањето на бомбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.