Пронајдена дрога во Кочани, едно лице е приведено

На 09.05.2022 во 19.15 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода С.С.(48) од Кочани. При преглед во возилото „опел астра“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и за случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против С.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.