Пронајдена граната од Втора светска војна во дебарското село Тараник

Во дебарското село Тараник завчера била пронајдена експлозивна направа – граната од Втора светска војна.

Како што соопшти МВР, 33-годишниот С.М. од Дебар на 26-ти месецов пријавил дека при изведување градежни работи во нива, негова сопственост, лоцирана во селото Тараник, пронајдена е граната од Втора светска војна.

Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување се преземени безбедносни мерки за подигање на гранатата.