Пронајдена рачна бомба од Втората светска војна

Вработен во приватна фирма од Куманово вчера околу 13 часот пријавил дека на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, при изведување градежни работи – вршење на ископ, пронашле стара неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка, информираат од МВР.