Пронајдена жена која се изгуби на планината Китка

На 10.09.2022 oколу 18.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево на планината Китка ја пронашле Р.С.(54) од Скопје, за која во 15.44 часот во Полициската станица Драчево нејзиниот сопруг В.С.(56) од Скопје пријавил дека, додека биле на планината, во близина на планинарскиот дом, се оддалечила и најверојатно се изгубила.

На местото веднаш биле испратени полициски службеници од Полициската станица Драчево, Единицата за интервентна полиција и куче трагач, по што Р.С. набрзо била пронајдена во добра здравствена состојба и вратена кај сопругот.