Пронајдени 16 мигранти од Индија, криумчарите се приведени

На 31.10.2022 во 20.30 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна рампа „Смоквица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Б.З.(27) од Скопје и П.К.(22) од с.Инџиково, скопско, информира МВР.

При преглед во товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.З, а сопатник бил П.К., биле пронајдени 16 лица мигранти од Индија, меѓу кои едно женско лице.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а за случајот бил известен надлежен Јавен обвинител.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.