Пронајдени 180 стебла канабис во Блаце

18

Сто и осумдесет стелба канабис се пронајдени од полицијата во атарот на селото Блаце.

Како што соопшти МВР, канабисот е пронајден вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од други единици при СВР Скопје, како и пприпадници од Полициската станица за граничен надзор „Блаце“.

Канабисот е пронајден во атарот на селото во место познати како Вражји Вир. Во текот на операцијата е пронајдена и опрема за одгледување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.