Пронајдени 22 илегални мигранти во српско комбе на автопатот Демир Капија – Неготино

46

Полициски службеници синоќа, при контрола пронашле 22 лица-мигранти во товарно моторно возило „рено мастер“, со српски национални ознаки, на автопатот Демир Капија – Неготино.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во 23.45 часот, а поицијата од слобода го лишила С.З.(43) од Србија, кој управувал со возилото.

Мигарнтите, од кои двајца од Бангладеш и двајца од Индија и 18 од Пакистан, се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.