Пронајдени 400 грама кокаин кај скопјанец

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го уапсиле 31-годишниот П.К. од Скопје.

Претреси биле извршени на две локации во Скопје, при што биле одземени околу 400 грама кокаин, таблети и дигитална вага.

Лицето заврши во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.