Пронајдени четири жртви од уривањето на мостот во Тајван, се трага уште по две

Спасувачките тимови во Тајван пронашле тела на четири жртви и трагаат по уште две лица кои се пријавени за исчезнати, откако голем мост се урна врз рибарски чамци.

Несреќата се случи вчера кога се урна мост долг 140 метри во пристаниште во североисточниот дел на Тајван.

Националната противпожарна агенција соопшти дека две жртви се идентификувани како индонезиски државјанин, една е од Филипини, додека четвртата не е идентификувана.

Тајванската војска подигна платформи кои плутаат за да им се олесни на работниците да ги отстранат остатоците од мостот и да можат да извлекуваат чамци од под урнатиот мост.

Вчера беше изваден еден чамец.

Властите засега веруваат дека жртвите биле индонезиски и филипински државјани кои работеле на чамците за риболов.

По уривањето на мостот, десет лица беа хоспитализирани вклучително и возачот на камионот со нафта кој поминувал по мостот кога се урнал.

Се уште не е позната причината за уривање на мостот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.