Пронајдени фалсификувани пари и дрога кај малолетник од охридско

Фалсификувани пари и дрога пронашла охридксата полиција кај малолетник од селото Елшани.

МВР денеска соопшти дека кај 16-годиншкикот биле пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1.050 евра и дрога.

– При преглед извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одземаа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана, стои во информацијата.

Лицето е приведено синоќа во 22 часот и 30 минути во СВР Охрид, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.