Пронајдени остатоците од исчезнатиот руски авион на Камчатка

Според првичните информации нема преживеани меѓу 28-те патници и членови на екипажот од авионот од типот „Ан-26“ чии остатоци претходно во вторникот се откриени на полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија.

Министерството за вонредни ситуации во меѓувреме објави видео направено од хеликоптерот кој учествувал во потрага по авионот кој претходно исчезна од радарите. На снимките се забележува карпата во којашто се удрил авиони веројатно при обид за принудно слетување, на 3,8 километри од аеродромот на брегот на Охотското Море. Расфрланите останки од „Ан-26“ на малата воздухопловна компанија „Камчатское авиапредприятие“ по несреќата исто така се забележуваат на кадрите.

Авионот утрово исчезна од радарите, на девет километри од селото Палана, кон кое се упатил од Петропавловск-Камчатски. Со авионот се превезувале вкупно 28 лица, шест членови на екипажот и 22 патници, од кои двајца малолетници и шефицата на локалните власти во Палана, Олга Мохирева.

Според првичните информации нема преживеани. Операцијата на пребарување и спасување е прекината со паѓањето на вечерта, а ќе биде продолжена во средата утрото по локално време.

Рускиот Истражен комитет разгледува неколку верзии за уривањето, како неповолни временски услови, технички недостатог и пилотска грешка, поради што е отворена кривична истрага. Иследницете на самото место веќе земале примероци од горивото, летачката и оперативната документација, а започнато е испитување на очевиците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.