Пронајдени половина тон кокаин во авионот што се урна во Папауа Нова Гвинеја

21

Малиот авион што минатата недела полета за Австралија и набрзо по полетувањето се урна во Папуа Нова Гвинеја, носел повеќе од 500 килограи кокаин, соопштија денеска австралиските власти.

Полицијата на Австралија и на Папуа Нова Гвинеја соопштија дека пронашле 28 пакети кокаин на повеќе локации и уапсени се пет лица осомничени за илегална трговија со дрога. Тие се членови на криминална група од Мелбурн, која наводно е поврзана со италијанскиот организиран криминал. Осомничените можат да бидат осудени на доживотна казна затвор.

Вредноста на пронајдениот кокаин се проценува на 57 милиони австралиски долари.

(МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.