Пронајдени се 39 мртви тела утринава во камион во Есекс, во Англија. 

39 мртви тела утринава биле пронајдени во камион во Есекс, во Англија. 

Возачот на камион, 25-годишен маж од Северна Ирска, е уапсен под сомнение за убиство.

Од полицијата  во Есекс соопштија дека камионот патувал од Бугарија и влегол во земјата во саботата.

Според првичните информации меѓу починатите се 38 возрасни лица и еден тинејџер.

Од полиција изјавиле дека процесот на идентификација на лицата ќе биде долг процес.

„Ние го уапсивме возачот на камионот во врска со инцидентот, кој останува во полициска притвор додека продолжуваат нашите истраги“, рекоа од полицијата во Есекс.

Премиерот Борис Џонсон рече дека е „згрозен од овој трагичен инцидент“, а пратеничката Џеки Дојл Прај  рече дека станува збор за „лоши вести“.

„Трговијата со луѓе е гнасен и опасен бизнис“, твитна таа, додавајќи дека се надева оти полицијата во Есекс може „да ги изведе овие убијци пред лицето на правдата“.