Пронајдени се двете исчезнати тинејџерки во Грција

По ноќ помината надвор од своите домови, грчката полиција вчера утро ги пронајде двете исчезнати девојчиња кои исчезнаа на 30 ноември од областа Калитеа во Атина откако се качиле во такси и заминале во непознат правец

Според соопштението на грчката невладина организација „Насмевката на детето“, двете девојчиња биле пронајдени во петокот наутро и се во добра здравствена состојба.

Инаку, во последните 2 месеци, Катерина трет пат трет пат се оддалечила од својот дом, два пати со Елеферија и еднаш сама. Во сите случаи е издаден аларм за итна потрага по изчезнатите деца од страна на организацијата која меѓудругото ги алармира грчките граѓани за исчезнати малолетници и други лица на територијата на Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.