Пронајдено оружје во домот на лицето кое рани полицаец во Загреб, а потоа се самоуби

Хрватската полиција изврши претрес во куќата на  Даниел Безук, кој рани полицаец со неколку куршуми пред влезот во владината зграда на плоштадот Свети Марко во Загреб, а потоа изврши самоубиство.

Семејната куќа во селото Клетиште кај Кутина, каде живееше Безук (22) со неговите родители, беше оградена од полицијата, а пред куќата имаше полициски возила, пренесува Индекс.хр.

При претресот на куќата биле присутни родителите на напаѓачот и неговиот брат.

Се претпоставува дека младиот човек го добил оружјето преку неговиот татко, воен ветеран. Според досегашните информации, станува збор за автоматска пушка, но за тоа сè уште нема официјална потврда.

Директорот на полицијата потврди дека е пронајдено оружје, како и дека полицијата се наоѓа во семејната куќа на напаѓачот, каде што тој сака да го пронајде потеклото на оружјето и да собере други докази или информации за мотивот за нападот.

Неколку часа пред да го изврши нападот, тој на Фејсбук напиша „Доста беше измами и безобзирно газење на човековите вредности без одговорност”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.