Пронајдено починато лице во автобус во Скопје

Во СВР Скопје вчера попладне било пријавено дека во автобус на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје има починато лице, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Ј.М.(59) од село Биљановце, кумановско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавенобвинител телото било предадено на семејството.