Пронајдено тело на маж во водите на Преспанското Езеро

Во петокот вчерта околу  210 часот во СВР Битола било пријавено дека во водите на Преспанското езеро било пронајдено телото на Р.А., на 39 години, од селото Могила, битолско.

Со ангажирање на припадниците на Противпожарната единица Ресен телото на починатиот било извлечено од водата и по наредба на Јавен обвинител било пренесено во Клиничка болница-Битола за обдукција.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.