Пронајдете ја со Галеника формулата за силен и балансиран имунитет

Ладни и влажни ноќи, а топли денови. Промената на температурите ја отвори сезоната на вирусите и бактериите, кои во големите колективи, како што се училиштата, градинките или дневниот престој, меѓу децата лесно се пренесуваат. Силниот имунитет е еден од начините  да го заштитите детето, а општите препораки се имунолошкиот одговор да се зајакне по природен пат.

Симптомите на настинките карактеристични за овој период се лесно препознатливи:

  • Затнат нос
  • Течење на нос
  • Болки во грлото
  • Кашлица
  • Покачена температура

Кога се придружени со главоболка и болка во мускулите, општа малаксаност и висока температура сигнализираат појава на грип. И во двата случаи педијатрите препорачуваат лекување без антибиотици и со правилно поттикнување на имунитетот.

Витаминот C е првата помош по која посегнуваат родителите при појава на настинка, но искуството покажува дека тоа не е доволно ниту за зајакнување на имунитетот или ниту за оздравување кога веќе се појавуваат повеќе симптоми на настинка или грип. Погледнете ја и листата на витамини и состојки кои ги има во производи на Галеника, кои не одат на рецепт, а кои може во оваа комбинација да ги побарате од фармацевтот во аптеките кога во педијатрискиот извештај ќе препознаете некоја од следниве ситуации:

Општите препораки се зајакнување на имунитетот по природен пат и за таа цел се препорачуваат производи на природна основа. ImmunoMAX на Галеника е меѓу најновите на нашиот пазар и се препорачува како превенција за настинки, но исто така и за ублажување на симптомите и времетраењето на настинките. Бета глуканите, инулинот, колострум од кравјо млеко и витаминот D3 кои го сочинуваат ImmunoMax се користат за подигање на имунолошкиот одговор на телото при средба со вируси или бактерии.

Витамините A, B1, B2, Ниацин (B3), Пантотенска киселина (B5), B6, C, D и E во единствена комбинација карактеристична за производ на Галеника, кој се користи кога детето не внесува доволно витамини преку исхраната. Оваа комбинација на витамини се препорачува како додаток на исхраната во зимските месеци, како и кога постои склоност кон инфекции или при третман со антибиотици.

Витамините од B групата, како што се B1, B2, Ниацин (B3), Пантотенска киселина (B5) и B6 искомбинирани во еден производ се препорачуваат за деца со слаб апетит, деца во фаза на развој, ученици, студенти, како и при употреба на антибиотици.

Пробиотиците најчесто се користат за воспоставување на нормална цревна флора, кога се користи антибиотик, како и во ситуации кога има потреба за него. Но, научните истражувања покажуваат дека пробиотикот помага и за нормално функционирање на имуниот систем, како и за здрав раст и развој. За таа цел комбинацијата на пробиотичките бактерии Saccharomyces boulardii, Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis се дополнува со Инулин, Цинк и витамин D3. Производот со овој состав го има во палетата производи на Галеника, а достапен е во аптеките.

Компанијата Галеника нуди производи кои се креирани согласно барањата или очекувањата на потрошувачите, и при тоа да се одржи традиционалната доверба што производителот ја ужива веќе 77 години на македонскиот пазар. Кај Вашиот фармацевт може да побарате информации за нивните производи наменети за подигање и одржување на имунолошкиот систем кај децата од најмала возраст, но и кај возрасните.

Од Галеника препорачуваат оваа поддршка да биде надополнување на здравата исхрана придружена со секојдневно вежбање, кое помага телото да се ослободи од стресот стекнат на училиште или на работа. Советот што постојано се повторува, а никако да здодее е дека водата има значајна улога во одржување на здравјето и затоа е потребно да се пијат многу течности, како и дека на телото му е потребен и добар сон од осум часа и да се стане рано наутро.