Пронајден изгорен автомобилот со кој беше ограбена НЛБ банка

Од трана на полицијата до сега пронајдени се полнач за пиштол кој е пронајден во просториите на експузитурата на НЛБ Банка во Бутел 2 која утрово беше ограбена од страна на засега непознати вооружени лица.

Припадниците на Министерствот за внатрешни работи пронајден е и автомобилот со кој се превезувале крадците но тој е целосно изгорен. Автомобилот бил пронајден после два саати откако крадците го нападнале обезбедувањето на банката, но сеуште не е познато дали четворицата маскирани и вооружени лица успеале да ги земат парите.

Весникот KOHA од официјални полициски извори успева да дознае дека во близина на реката Серава кај гробиштата во Бутел пронајден е изгорен автомобил „голф 5“” со сива боја, додека во експозитурата на банката во Бутел 2 се продолжува со истрагата, а се трага по четири лица.

Кражбата, се случила околу 9 часот, додека, пак, крадците палејќи го „голф“-от, успеале да си заминат со друг автомобил од истиот модел во непозната насока досега. Во текот на денот, Министерството за внатрешни работи информираше дека ќе излезат повеќе детали за настанот.