Пронајден мртов маж во хотелска соба во Гостивар

гостивар

Станува збор за лице кое потекнува од гостиварско село, а подолг период живеело и работело во странство. Пред неколку денови во Гостивар дошол на посета на роднини и престојувало во хотелот.

По проноаѓањето на телото во хотелската соба, случајот бил пријавен во полициска станица. Увидна екипа на СВР Тетово заедно со јавен обвинител вршат увид на местото.

Детаљи околу идентитетот на починатиот и причините за смртта ќе бидат познати откако јавниот обинител од гостиварското јавно обвинителство ќе заврши со увидот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.