Пронајдена бомба во центарот на Белград

Работници на едно градилиште во Белград пронашле неексплодирана бомба, најверојатно од Втората светска војна.

Авионската бомба, според тамошните медиуми, била пронајдена на длабочина од шест метри, а тежи околу еден тон.

Веднаш по пристигнување на полицијата, работниците биле евакуирани заедно со станарите од соседните згради.