Пронајдена причината за алкохолизмот и желбата за слатко

Генот означен како FGF21 влијае врз тоа колкави количества алкохол и слатки ќе консумираат луѓето, сметаат научниците чиешто истражување е објавено во списанието Cell Reports.

Истражувачите ги проучувале податоците за околу половина милиони луѓе коишто дале примероци од крвта, плунката и урината. Се покажало дека оние коишто го имаат генот FGF21 почесто од другите јаделе слатки и консумирале алкохол. Сепак, и покрај нездравите навики во исхраната, кај овие луѓе е забележана помала масна маса.

Некои мутации на генот FGF21 доведуваат до појавата на алели (алтернативни форми на еден ген), коишто имаат склоност кон созддавање зависност од алкохол и од слатки. Луѓето коишто го имаат овој ген имаат поголема веројатнот да страдаат од висок крвен притисок.

Се верува, исто така, дека FGF21 е одговорен и за апетитот кај луѓето. Тој се излачува од клетките на црниот дроб и е одговорен за чувствителноста на инсулин. Како што претпоставуваат научниците во објавената студија, тоа е така затоа што тој директно дејствува врз центарот за задоволство во човековиот мозок и го менува неговото функционирење.