Пронајдена првата демо снимка од Дејвид Боуви кога имал 16 години

Првата демо снимка на Дејвид Боуви снимена кога имал 16 години била пронајдена во стара корпа за леб, а сега ќе се продава на аукција.

Многу пред Aladdin Insane или Ziggy Stardust, слабичко 16 годишно момче со амбиции да биде саксофонист се согласило да биде главен вокал на демо снимка, во мало студио во јужен Лондон. Сега единствената позната снимка од оваа сесија, со Дејвид Боуви како ја пее I Never Dreamed со својот прв бенд, The Konrads се појави во стара кошничка за леб и се очекува да достигне почетна цена од 10.000 фунти на аукција.

Издавачката куќа очигледно не успеала да го препознае потенцијалот на вокалот кој ќе стане еден од најпознатите гласови на 20 век. The Konrads не успеале да победат на аудицијата на Decca, иако издавачката куќа ќе им даде снимање подоцна истата година и ќе ги одбие, но тогаш Боуви не бил главен вокал.

Лентата беше повторно откриена од Дејвид Хадфилд, кој тогаш беше малку постар од другите членови на The Konrads и кој беше нивен тапанар и менаџер. Касетата ја пронашол кога се селел, ставена во стара кошница за леб, која му припаѓала на неговиот дедо, заедно со мноштво други материјали, вклучувајќи формулари за резервации, фотографии, промотивни скици, писма и сметки, во мансарда над гаражата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.